Андреас Трајковски со најдобар скок сезонава од 7.72 метри го освои 8. место во силна конкуренција на атлетскиот митинг во сала во Белград кој е еден од 9.златни митинзи под капата на Светска Атлетика.
Со денешниот настап Андреас испиша историја за Македонската атлетика како првиот Македонец, кој некогаш настапил на натпреварување од оваа категорија.
Овој скок е само за седум сантиметри послаб резултат од актуелниот македонски рекорд кој е во сопственост на Андреас поставен минатата година на Балканијадата во Истанбул.
Победник во Белград беше Тобиас Монтлер од Шведска со скок од 8.23метри, второто место го освои Исак Гримс од САД со скок од 8.13 метр, додека третопласиран беше Божидар Сарабујуков од Бугарија со прескокнати 8.06 метри.
Олимпискиот шампион Милтош Тентоглу денеска мораше да се задоволи со четвртото место со за него скромни 8.05 метри. Следен настап на Андреас ќе биде на Балканијадата во сала која на 15 февруари ќе се одржи во истата сала во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА