Нотингем Форест забележи историска прва победа на премиерниот меч на домашен терен по пауза од 23 години во Премиер-лигата, откако „шумарите“ славеа со 1-0 над Вест Хем.
Таиво беше стрелец на единствениот гол во финишот од првото полувреме, откако топката со многу среќа стигна до скапото засилување на „шумарите“, кој од пет метри ја смести во мрежата.
Вториот дел ќе остане запаметен по серијата неверојатни промашувања на гостите од Лондон. Вест Хем два пати стрелаше во гредата, притоа топката удираше на самата гол-линија и се враќаше во поле. Најубавата шанса „чеканите“ ја имаа кон средината на второто полувреме, кога беше досуден пенал што Деклан Рајс не успеа да го реализира, откако Дин Хендерсон маестрално го запре неговиот обид.
Последната стопроцентна шанса гостите ја имаа од корнер, кога Зума скокна највисоко и го совлада Хендерсон, но Неко Вилијамс реагираше на самата гол-линија, не дозволувајќи топката да заврши во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

