Историски УФЦ спектакл кога ќе помине коронавирусот

Пандемијата од коронавирусот ги прекина сите професионални спортови во САД, но претседателот на УФЦ Дејна Вајт верува дека УФЦ спектаклот кој е закажан за 18. април сепак ќе биде одржан. Не е сигурно кој град ќе биде домаќин на најдобрите борци во светот, но се знае дека ќе биде без публика. Главната борба на УФЦ 249 треба да биде таа меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.

„Сакаме да направиме приредба со најдобрите борби во историјата. Нешто ќе успееме, нешто не. Работиме на се“, изјави Вајт.

 

Се вчитува...