Историски успех: Клебо го освои шестиот златен медал на ЗОИ

Норвешкиот спортист Јоханес Хесфлот Клебо ја испиша историјата на Зимските олимписки игри , бидејќи во 2026 година ги освои сите шест дисциплини во крос-кантри на натпреварот организиран во Милано и Кортина.

Клебо го заврши натпреварувањето како најдобар во четири поединечни дисциплини, една дисциплина во која формираше тандем и една дисциплина во која беше дел од тим од четири норвешки претставници.

На Зимските олимписки игри 2026, Клебо победи, и со тоа го освои златниот медал, во дисциплините класичен спринт, 10 километри слободен стил, 20 километри скијатлон, 50 километри класичен стил, екипен спринт слободен стил и штафета 4×7,5 километри.

Се вчитува...