Историското коло во Серија А започна со пораката – „Убијте ги“!

Синоќа започна историското коло во Серија А, во кое за првпат, Милан и Интер ќе играат надвор од „Џузепе Меаца“. Никогаш досега не се случило двата клуба од Милано да гостуваат во едно коло, што секако е неверојатен факт.

Милан ќе игра на дербито во недела навечер во Бергамо, кое воедно е и дерби на колото, додека Интер ќе гостува на Сасуоло.

Дербито е она во Торино, „Дела моле“, како и обично, Јувентус ќе го дочека мотивираниот Торино, чии навивачи вечерта пред дербито истакнаа невкусна порака: „Убијте ги“.

Лидерот во Серија А, Наполи утре ќе биде во Фиренца, а доколку Милан не победи, фудбалерите од Неапол ќе имаат шанса да ја зголемат предноста на врвот на табелата во случај на седми последователен триумф и пред репрезентативната пауза ќе покажат дека се навистина сериозен конкурент во борбата за „Скудето“.

Се вчитува...