Од 12 часот во Загреб ќе се одржи собранието на АБА лигата на кое главно прашање ќе биде влезот на клубот од Дубаи во регионалното натпреварување.
Својата пресуда по ова прашање ќе ја дадат 11 клуба со право на глас (Црвена звезда, Партизан, Цедевита Олимпија, Будуќност, Задар, Цибона, Мега, ФМП, Крка, Игокеа и Морнар), а речиси и да нема сомнеж дека Дубаи ќе добие „зелено светло“.
Тимот од Емирати треба да добие позитивен одговор од Евролигата во вторник или среда, иако во сезоната 2024/25 најпрво би играле во Еврокупот како форма на интеграција во кошаркарската организација на стариот континент. По завршувањето на таа точка од дневниот ред, ќе се разговара и за добивање сопственички права за СЦ Дерби, Сплит и Борац од Чачак, за што ќе се бара едногласност на споменатите 11 клуба.
Поважно од тоа е прашањето дали следната сезона ќе гледаме 15 или 16 екипи, што повторно е поврзано со вклучувањето на Дубаи, па втората опција е пореална. Останува да се види дали ќе се слушне барањето на Партизан српските судии да не им делат правда за време на плеј-офот, за што им треба мнозинство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА