Софија Гоџа го освои првото историско олимписко злато за Италија во женски спуст на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Италијанката стигна до првото место во спустот, оставајќи ја зад себе големата фаворитка за златото Американката Линдзи Вон која стигна само до бронзениот медал.
Гоџа до златниот медал стигна со време од 1:39.22 минути, за 9 стотинки подобро од Норвежанката Мовинкел која го освои среброто додека Вон, на третото место, заостана 47 стотинки зад победничката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА