Истра го потврди Филип Антовски

Хрватскиот тим Истра го потврди доаѓањето на Филип Антовски. Капитенот на младата репрезентација на Македонија доаѓа во хрватскиот шампионат на едногодишна позајмица од Австрија Виена.

Антовски во минатото беше дел од Вардар, потоа замина во Динамо Загреб, па во Славија Софија, за да направи трансфер во Австрија Виена. Главно во австрискиот тим играше во Б екипата.

Договорот е на едногодишна позајмица, со можност на откуп по крајот на сезоната. Антовски има договор со Австрија Виена до 2024 година, но доколку се покаже може во 2023 година да биде откупен од страна на тимот од Пула.

Се вчитува...