Кристијан Ромеро се соочува со сериозен проблем откако дисциплинската комисија при ФА објави дека покренува постапка против капитенот на Тотенхем.
Црвениот картон заработен во финишот од дербито со Ливерпул значеше и автоматска суспензија, но Аргентинецот си создаде дополнителни проблеми откако одбиваше да излезе од игра иако немаше можност за ВАР корекција“ бидејќи беше исклучен со два жолти картони.
„Ромеро се однесуваше непримерно, не сакаше да го напушти теренот. Воедно, беше агресивен кон судијата. Тој има рок до 2 јануари да одговори на обвинението“, се вели во сооштението на Фудбалската Асоцијација.
Големи се шансите капитенот на Тотенхем по оваа дисциплинска постапка да добие дополнителни два меча суспензија, информираат медиумите на „островот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

