Американскиот Национален одбор за безбедност при транспорт (НТСБ) ги презентираше првите официјални информации околу големата хеликоптерска несреќа во која загинаа НБА легендата, Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џана и уште седум лица.
Според НТСБ, падот на хеликоптерот не бил предизвикан од откажување на моторот. Сето тоа е заклучено согласно деталните прегледи на остатоците од хеликоптерот, кој се срушил поради лоши временски услови.
Во американската јавност веќе се споделени и информации дека компанијата што го поседувала хеликоптерот Сикорски С-76Б немала дозвола за визуелно летање во посебни услови. Правилата за визуелен лет се збир на прописи во воздухопловството според кои пилотот управува со леталото користејќи надворешни обележја без да се потпира на инструментите.

Иако пилотот Аjра Зобајан имал одобрување за специјален визуелен лет (СФВР) од воздушната контрола, тој немал правно овластување за таков режим на летање бидејќи авиокомпанијата во чија сопственост бил хеликоптерот не била лиценцирана да управува со СВФР. Прретходно Сојузната американска администрација за авијација ја овластила компанијата да спроведе визуелен лет само со барање за видливост од најмалку 4,8 километри и облаци не помалку од 300 метри над земјата.
Иако на хеликоптерот имало софистицирани визуелни летачки инструменти одобрени од ФАА, на компанијата и било дозволено да лета само во услови на доволно добра видливост за визуелна навигација, а не во неповолни временски услови. Сепак, кобниот ден хеликоптерот се одлучил да полета по што се случи големата несреќа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

