Истрагата заврши: По една година – утврдено кој е виновникот за смртта на Коби Брајант

Повеќе од една година траеше истрагата околу хеликоптерската несреќа на 26 јануари 2020 година во која животот го загубија Коби Брајант, неговата ќерка Џијана и уште седум лица.

Денеска на јавноста и стана достапен целокупниот извештај за големата несреќа на вкупно 600 страници, во кој за главен виновник се посочува пилотот на хеликоптерот.

„Првата грешка е што тој воопшто полетал и покрај лошото време, иако тоа е со закон забрането. Покрај тоа, пилотот најверојатно ја загубил ориентацијата, па се удрил во планината Калабазас“, се вели во извештајот.

Се вчитува...