Истражување: Кој од 71.600 фудбалери најмногу наликува на Меси?

Реномираниот институт за фудбалско истражување „Дриблаб“ направи истражување меѓу 2.300 фудбалски клубови и 71.600 фудбалери обидувајќи се да пронајдат фудбалер кој според играта најмногу наликува на Лионел Меси.

По неколку месечно истражување „Дриблаб“ дојде до заклучок дека на светот постои само еден фудбалер кој игра слично како Лионел Меси. Се работи за фудбалерот на Челси, Еден Азар, а истражувањето покажа дека сличноста изнесува неверојатни 92,7 отсто. Зад ѕвездата на Челси се наоѓаат Килијан Мбапе и Серхио Агуеро.

„Дриблаб“ истражуваше и кој млад фудбалски талент би можел еден ден да го замени Аргентинецот, а аналитиката вели дека најблиску до тоа се Стивен Бергвијн од ПСВ Ајндховен и Осама Идриз од АЗ Алкмар.

Се вчитува...