На крајот од овој месец, прилепскиот регион по деветти пат ќе биде домаќин на најстариот настан во планинско трчање во нашата држава – Крали Марко Треилс 2019. Трката е закажана за 28 септември (сабота) со старт во 8 часот на долгата ултрамаратонска дистанца од 67 километри и во 10 часот на двете помали дистанци од 34 и 16 километри.
Натпреварувачите ќе имаат можност да бидат дел од фантастична авантура под отворено небо, да се предизвикаат на тешкиот и стрмен терен на Марковите кули и планината Бабуна и во одлична конкуренција да се натпреваруваат минувајќи низ важни културно-историски и природни споменици.
Крали Марко Треилс е настан во планинско трчање кој има долга традиција во планинското трчање во Македонија. Досега на него имаат учествувано повеќе илјади учесници од различни делови на светот, а оваа година можеме да очекуваме околу 250 учесници на трите дистанци.
Покрај овие трки, ќе се одржи и детска трка – Маркукуле Треил која е наменета за мотивација и анимација на најмладите.
Пријавувањето можете да го направите на официјалната веб-страна www.kmt.mk до 8 септември овој викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА