Истрчани 465 километри на шестдневна трка: Победничка Мона Мајковска од Битола

На трката на себенадминување во Њујорк која се организира од 1998 година во Флашинг Медоус паркот, а во организација на Шри Чинмој Маратон тим, оваа година имавме претставничка од Битола. Овој настан е првата трка на ултра дистанци организирана од Шри Чинмој Маратон тимот во Њујорк во светски рамки. Тркачите имаат избор од 6 и 10 дена, а оваа година за прв се одржа и трката на 3 дена.  Мона Мајковска од Битола имаше одличен настап на својата прва повеќедневна трка со истрчани 464 километри, кои што и го донесоа првото место. Трката на 6 дена се одржа од 23 до 29 април оваа година со убави сочеви денови но и со дождливи и ветровити денови кои ги тестираа тркачите и нивните способности, внатрешни и надворешни.

Основач на трката е Шри Чинмој кој редовно ја посетуваше додека живееше во Њујорк. Шри Чинмој чувствуваше дека аспектот на себенадминување е многу важен во ултра трките, доаѓа момент во трката кога физичката способност го достигнува својот лимит. За да продолжи понатаму тркачот мора да се потпре на својата внатрешна решителност и да се нурне во својата бесконечна духовна сила која ја има во секој од нас

Се вчитува...