Истрели прекинаа натпревар на женското СП во ватерполо до 20 години (ВИДЕО)

Неверојатна ситуација се случи на мечот меѓу Канада и Кина на ватерполо Светското првенство за жени до 20 години.

Бразилскиот град Салвадор е домаќин на овој шампионат, а учесниците дефинитивно нема да го помнат по добро. Се појави видео на кое се слуша пукање од огнено оружје, по што двете репрезентации го напуштаат базенот, а натпреварот е во прекин.

Бразилските власти соопштија дека пукале полицајци кои бркале криминалец.

Се вчитува...