Ал -Наср ја продолжи својата беспрекорна низа во Премиер лигата на Саудиска Арабија, откако го победи Ал-Хазем со 2-0 на гостински терен во 6-тото коло од првенството.
Со дополнителните три бода, момците на Жорге Жесус продолжуваат да го држат единственото прво место со три бода предност пред второпласираниот Ал-Тавон.
Жоао Феликс го отвори резултатот во 25-тата минута, а блескаше и Кристијано Роналдо со својот гол во продолжението од натпреварот. Ова беше гол број 950 во кариерата на „ЦР7“, кој продолжува да се стреми кон 1000-тиот гол. Во дресот на Ал-Наср, тој веќе постигна точно 106 гола.
Следниот натпревар на Ал-Наср е во Лигата на шампионите против Ал-Итихад на 28 октомври, а неколку дена подоцна, на 1 ноември, Роналдо и соиграчите се домаќини на Ал-Фејха во новиот првенствен натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

