Италијанската одбрана ќе биде сериозно ослабена за саботното осминафинале против Австрија откако двајца стандардни првотими ја загубија трката со времето и нема да му бидат на располагање на селекторот Роберто Манчини. Станува збор за десниот бек Флоренци и за централниот одбранбен играч Џорџо Кјелини, кои ниту денеска не тренираа со остатокот од тимот, јасно покажувајќи дека повредите заработени во текот на шампионатот се уште им создаваат сериозни проблеми.
Флоренци се повреди во првото полувреме од премиерниот дуел со Турција, Кјелини настрада во второто коло против Швајцарија, по што и двајцата го пропуштија мечот од третата рунда против Велс. Сепак, лекарскиот тим не успеа да ги оспособи двајцата за настап в сабота против Австрија, а прашање е дали Флоренци и Кјелини ќе бидат „фит“ доколку „аѕурите“ се пласираат во четвртфиналето.
Марко Верати е максимално подготвен за настап, што е главна дилема за селекторот на Манчини, дали да го вклучи асот на ПСЖ во стартниот тим против Австријците, или повторно шанса да му даде на Локатели од Сасуоло, кој играше одлично на стартот од шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА