Италија со 50% присуство на стадионите, дали оваа мерка ќе остане и за баражот со Македонија?

Италијанските власти им наредија на клубовите исполнетост на капацитетите на стадионите од 50% поради зголемениот број на случаи со коронавирусот. Досега дозволено беше 75% од капацитетот, но сега е намалено поради брзото ширење на коронавирусот.

Ова е одлука на италијанската влада која почнува да важи од 6. јануари кога се игра редовно коло во Серија „А“.

Останува мерката да се носат маски на стадионот на сите трибини, додека „зелен сертификат“ веќе нема да биде потребен за влезот на стадионот.

Шпанија дозволува публика од 75% на стадионите, додека во Германија и во Франција на голем дел од стадионите се игра пред празни трибини.

Дали оваа мерка ќе важи и за баражот против Македонија кој се игра во март, во голема мера ќе зависи од ситуацијата со коронавирусот која очигледно прави огромни проблеми низ европските земји, но и во САД каде што има експлозија на бројот на позитивни случаи.

Се вчитува...