Женската одбојкарска репрезентација на Италија оствари неверојтен успех откако славеше и на Светското првенство, обединувајќи ги во период од една година светската и олимписката круна.
Италијанките денеска за противник во финалето ја имаа Турција, навивачите можеа да проследат фантастична борба во која Италија имаше предност од 1-0 и од 2-1, но Турчинките славеа со 13-25 и со 19-25, изборувајќи се за решавачки сет. Во него, неверојатна серија на блокови на италијанските одбојкарки кои благодарение на неверојатната одбрана влегоа во серија и славеа со конечните 15-8.
Со ова, продолжи неверојатната серија на италијанските одбојкарки кои сега имаат фантастични 36 победи во низа, со што стигнаа до титулите на ОИ во Париз, на овој светски шампионат како и на две изданија од Лигата на Нации.
За МВП на мундијалот беше избрана Италијанката Алесија Оро, една од најзаслужните за овој изворнеден успех на женската италијанска одбојкарска репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

