ИТАЛИЈА Е ПРВ ФИНАЛИСТ НА ЕВРО 2020: Пенал-рулетот среќен за „аѕурите“!

Италија е првиот финалист на Европското првенство 2020! И покрај тоа што Шпанците имаа посед на топка на натпреварот, и покрај тоа што навидум можеби беа поблиску до финалето, сепак Италија ќе игра финале на ЕВРО 2020 откако по изведувањето на пеналите беше поуспешна од „црвената фурија“ победувајќи со 4-2. А, претходно првата полуфинална пресметка на Вембли во Лондон по регуларниот дел и продолженијата заврши 1-1.

Киеза ги доведе Италијанците до предност, но Мората со голот во 80. минута не дозволи лесна елиминација на својата селекција.

Стрелец на погодокот за Италијанците беше Киеза кој со мајсторски шут го совлада Унаи Симон во 60. минута. Италијанците успешно се бранеа 20 минути, но Мората не дозволи така лесна елиминација на Шпанија па со погодокот во 80. минута го носи натпреварот кон продолженијата.

А, во продолженијата без поизразени шанси на двете страни, па некако очекувано натпреварот беше одведен кон пеналите. Во пенал-рулетот, најпрво промашија Локатели и Дани Олмо на двете страни во првата серија, а потоа погодија Белоти, Бонучи и Бернардески кај Италија. За Шпанците погодија Морено и Алкантара, но Донарума го одбрани пеналот на Мората во четвртата серија. Па, Жоржињо мајсторски погоди во петтата серија за финале на Италија!

„Аѕурите“ во финалето во недела на Вембли ќе го очекуваат подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Англија и Данска.

Се вчитува...