Одбојкарската репрезентација на Италија со победа над Бразил од 3-1, по сетови 25-23, 27-25, 18-25 и 25-21. во премиерниот натпревар на машкиот турнир на Летните олимписки игри во Париз.
Првите два сета поминаа во неверојатна борба, а и во двата со само два поени разлика подобра беше Италија. Бразил успеа да возврати во третиот сет, но сепак целата работа актуелните светски шампиони ја завршија во последниот сет.
Романо имаше 20 поени во победничкиот табор, додека кај поразените Фереира Соуза заврши со 25 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА