Репрезентацијата на Италија е првиот финалист на ватерполо турнирот на Светското првенство во водени спортови кое се игра во Доха, откако во полуфиналето изненадувачки славеше над големиот фаворит Шпанија со 8-6.
Иако актуелниот европски шампион беше голем фаворит на овој меч, откако само месец дена порано на убедлив начин стигна до континенталната титула на шампионатот во Хрватска, сепак Италијанците успеаја да го одиграат својот најдобар меч на турнирот и да стигнат до ново финале на Мундијалите.
Таму за противник Италија го чека подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат репрезентациите на Хрватска и Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

