Италијанската ватерполо репрезентација ја совлада Унгарија со резултат 12-7 во мечот за третото место на Европското првенство во Загреб.
Така, италијанскиот тим го обезбеди првиот медал на континенталните шампионати од 2014 година. Кај победниците најефикасен беше Андреа Фондели со три гола, а по два постигнаа Оскар Гонзало Ечени и Џакомо Канела. Во поразениот тим по два гола постигнаа Татраи Дави Марсел и Вигвар Винс.
Претходно денеска во мечот за седмото место Србија ја совлада Романија со 18-7. Во финалниот меч вечерва домаќинот Хрватска ќе игра со Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

