Италија ја „торпедираше“ Чешка, реми за Шпанија и Португалија

Репрезентациите на Шпанија и Португалија одиграа без голови на пријателскиот натпревар во пресрет на Европското првенство 2020. Очекувано двата селектори испробуваа разни опции во текот на натпреварот, но не успеаја да ја протнат топката во противничката мрежа.

Далеку поинтересно беше на мечот помеѓу Италија и Чешка во кој домаќините славеа со 4-0 со што покажаа дека се во топ форма пред собирот на најдобрите фудбалски репрезентации на стариот континет.

Натпреварот го отвори Чиро Имобиле во 23. минута од мечот, а предност до полувремето ја зголеми Барсла на три минути пред истекот на првите 45. минути. Италијанците продолжија да ја диктираат играта и до крајот на натпреварот, а преку Инсиње во 66. минута и Берарди во 73. минута го дуплираа водството.

Се вчитува...