ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија в петок од 20.45 часот на „Олимпико“ ќе и гостува на Италија во натпревар од 7. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија.
Иако нашата репрезентација ги загуби шансите за пласман меѓу 24 најдобри селекции на стариот континент, сепак мотив повеќе за избраниците на Боби Милевски е повторно да му ги поматат сметките на четирикратниот светски шампион, на кого мечот против Македонија му е да се биде или не во овој квалификациски циклус.
На легендарниот „Олмипико“ иако нема да биде исполнет целиот капацитет, 47.000 Италијанци ќе ја бодрат својата репрезентација во борбата против нашиот тим. Од тие 47.000 продадени карти, 3.000 им припаднаа на дечиња кои се дел од младинските школи на римските клубови.
Македонија според досегашните информации се очекува да биде бодрена од околу 500 навивачи кои ќе допатуваат во „вечниот град“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА