Италија ќе ја напаѓа Македонија со Киеза, Берарди и Распадори (ФОТО)

ЕКИПА во Рим, Италија

Никола Станикевски

Италијанската фудбалска репрезентација вечерва ќе „брка“ победа против Македонија, за да се доближи до пласман на ЕП 2024 година. Потоа на „азурите“ ќе им треба само бод против Украина на неутрален терен, за да има можност идната година да го брани трофејот освоен во 2021 година.

Спалети има проблеми во одбраната и во средниот ред на Италија поради многуте отсуства, и мораше да менува. Така во одбраната ќе бидат Димарко, Ачерби, Гати и Дармијан. Во средината се враќа искусниот Жоржињо, Барела и Бонавентура. Италија ќе нападне со Киеза, Берарди и Распадори.

Се вчитува...