Италија не покажа милост кон Лихтенштајн, декласирајќи го аутсајдерот во групата со убедливи 6-0. Квалјарела постигна два гола од пенал во првото полувреме, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Сенси, Верати, Кеан и Паволети.
Шпанија рутински ја одработе задачата на гостувањето против Малта триумфирајќи со 0-2. Селекторот Луис Енрике поради семејни причини не ја водеше „црвената фурија“ на овој меч, во кој двоен стрелец за шпанскиот состав беше Алваро Мората.
Селекцијата на БиХ прокоцка предност од два гола и на крајот ремизираше 2-2 против Грција. Клучен момент беше црвениот картон на Пјаниќ во 65. минута, по кој гостите уште повеќе притиснаа кон голот на БиХ и преку Коловос во 85. минута стигнаа до реми.
Највозбуливо беше на мечот Норвешка – Шведска, на кој домаќините до 70. минута водеа со 2-0, но Швеѓаните на крајот направија пресврт и поведоа со 2-3 со головите на Клаесон (еден) и на Кваизон (два). Тоа не беше се, бидејќи Камара се најде на вистинското место во 97. минута и донесе заслужен бод за Норвешка, со гол за конечни 3-3.
Со идентични 3-3 заврши и дуелот меѓу Швајцарија и Данска, на кој Швајцарците долго ќе жалат за победата бидејќи имаа водство од 3-0, за Данците во последните седум минути да стигнат до бод со головите на Јоргенсен, Диткјер и Далсгард.
Malta ?? 0⃣ – 2⃣ ?? Spain
⚽: Alvaro Morata
⏰: 73#MALSPA #malta #spain #euro2020 pic.twitter.com/5mKyYSjyXx— GoalTV (@UKGoalTV) March 26, 2019
People will say it’s only Lichtenstein but Verratti with a rare goal for Italy. pic.twitter.com/G49gnXbE6F
— footballnews (@footynews34) March 26, 2019
— SportSport.ba (@sportsport) March 26, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА