Актуелниот италијански селектор Роберто Манчини, кој не успеа да ја пласира селекцијата на Италија на Мундијалот во Катар поради поразот од Македонија во баражот, се пожали дека не му се допаѓа новиот формат на Светските првенства со 48 селекции.
Италија, која покрај Катар, го пропушти и Светското првенство во Русија претходно, ќе се бори после осум години да стигне до пласман на СП во 2026 година кое ќе се одржува во САД, Канада и Мексико.
„Не ми се допаѓа новиот формат на Мундијалот. Верувам дека треба да играме помалку натпревари, а вака треба да се играат повеќе. Играчите немаат одмор и на првенството ќе дојдат изморени“, рече Манчини.
На следното СП ќе се играат вкупно 104 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА