Италија не ја повторува грешката како со Македонија: Баражот ќе го игра на стадион кој им носи среќа

Полуфиналниот плеј-оф натпревар за пласман на Светското првенство 2026 година помеѓу Италија и Северна Ирска, ќе се игра на стадионот на Аталанта во Бергамо, објави Италијанската фудбалска федерација.

Италијанската репрезентација заврши втора во групата, и преку бараж ќе мора да го бара патот кон Мундијалот. Претходните двапати не се покажаа за среќни за „Азурите“, кои загубија од Шведска за пласман на СП 2018 година, а четири години подоцна и од Македонија во оној незаборавен меч во Палермо.

Во соопштението на федерацијата се напоменува дека Италија е непоразена во Бергамо до две години и два нерешени резултати на четирите меча на стадионот.

Последен пат на „Њу Баланс Арена“, Италија играше во септември, кога ја совлада Естонија со убедливи 5-0. Ако ја победат Северна Ирска, Италија во финалето ќе игра како гостин кај победникот од мечот Велс и Босна и Херцеговина.

Се вчитува...