Италија остана без клучен играч пред баражите за СП

Италијанската фудбалска репрезентација ќе биде значително ослабена за претстојниот бараж со Северна Ирска откако „аѕурите“ останаа без еден од клучните фудбалери во националниот тим.

Сандро Тонали игра во одлична форма во дресот на Њукасл  и важи за еден од лидерите на италијанската репрезентација, па јасно е зошто е огромна загриженоста кај селекторот Гатузо откако фантастичниот плејмејкер се повреди и мораше да биде заменет во второто полувреме од вчерашното гостување во Барселона.

Еди Хау по мечот изјави дека Тонали се жалел на болка во пределот на колкот, но и на мускулот, деталните лекарски прегледи ќе покажат колку ќе изнесува паузата, но шансите Сандро да биде „фит“ за баражот се исклучително мали.

Ова е нов проблем за Италија откако претходно и Закањи од Лацио поради повреда го откажа пристигнувањето на репрезентативниот собир, а „во аут“ е и Марко Верати, кој беше планиран од Гатузо за камбек во националниот тим за овој бараж прозорец.

Италија во полуфиналето од бараж-групата ќе ја пречека селекцијата на Северна Ирска, а во случај на победа „аѕурите“ ќе се борат за мундијалски билет со победникот од дуелот Велс – БиХ.

Се вчитува...