Италија ќе биде дополнително ослабена за октомвриските квалификациски средби со Малта и со Англија откако Федерико Киеза не успеа да ги мине лекарските тестови и се врати назад во Торино, да ја мине рехабилитациската програма во својот клуб Јувентус.
Киеза се повреди на еден од последните тренинзи на Јуве пред репрезентативната пауза, но селекторот Спалети се надеваше дека тој ќе може да му помогне барем за мечот со Англија на 17 октомври. Сепак, крилниот офанзивец не е ниту блиску до камбек, по што беше донесена одлука тој да го напушти репрезентативниот табор и да се врати назад во клубот.
Напуштањето на Киеза следи откако Лучијано Спалети остана и без Заниоло и Тонали, двајцата фудбалери кои го напуштија тренинг-кампот на репрезентацијата откако беше обелоденето дека се вклучени во скандалот со обложување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

