Италија останува без одличен напаѓач, повредениот Имобиле ги пропушта репрезентативните настапи

Чиро Имобиле нема да игра за репрезентацијата на Италија во претстојните репрезентативни натпревари. Асот на Лацио се повреди на натпреварот од Лига Европа против Локомотив Москва, кој Римјаните го добија со 2-0.

Поради болки во мускулите, тој беше заменет со Ведад Муричи на полувреме.

„Чиро чувствува силна болка во неговиот мускул. Во следните неколку дена ќе направиме детални прегледи и потоа ќе објавиме колку ќе отсуствуваат од теренот“, стои во соопштението на медицинскиот тим на Лацио.

Имобиле сигурно ќе го пропушти натпреварот против Болоња во Серија А, како и дуелот од полуфиналето на Лигата на нации против Шпанија следната недела. Мозес Кин, напаѓачот на Јувентус, треба да го замени во националниот тим.

Се вчитува...