Прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон верува дека кризата која е присутна во италијанската репрезентација е поради грешките во минатото.
Светскиот првак од 2006 година не успеа да се пласира директно на Светското првенство, и ризикува да испушти трет Мундијал по ред, откако се најде само во баражот, каде преку два дополнителни натпревари ќе мора да го брка пласманот во САД, Канада и Мексико и идната година.
„Италија е моментално во транзициски период и не знае кој пат да го избере. Плаќаме за грешките од минатото. Резултатите датираат од пред 20 години кога се потпиравме на Буфон, Канаваро, Тоти и мислевме дека ќе траат вечно. Сега е време да почнеме од почеток. Работа со деца на возраст од седум до 13 години. Подобрување може да се постигне подоцна, но талентот се развива порано. Разговараме со Прандели за да откриеме како да пристапиме кон овој проект, но прво ќе чекаме да завршат квалификациите за СП, па да донесеме конечна одлука. Кога се почнуваат вакви проекти, потребна ви е стабилност“, изјави Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

