Италија понижена во Дортмунд, Мусиала постигна гол каков ретко се гледа (ВИДЕО)

Во 1/4 финалето во Лигата на Нации, Германија во Дортмунд води против Италија со убедливи 3-0 на полувреме, и се чини дека веќе се чекираше кон полуфиналето.

Херој на првиот дел беше Џошуа Кимих кој постигна гол, а потоа асистираше за следните два. Германија ги постигна головите во рок од 15 минути.

Кимих од белата точка во 30. минута донесе предност, а потоа Мусиала во 37. минута зголеми на 2-0 со интелигентен гол од изведен корнер, кога одбраната на Италија не беше формирана. Клендиенст во 45. минута го постигна третиот гол за Германија.

Се вчитува...