Европската куќа на фудбалот УЕФА се закани дека би можела да го исфрли Јувентус од европските натпреварувања идната сезона, ако се покажат вистините тврдењата за финансиски малверзации.
Екипата од Торино веќе беше казнета со одземени 15 бодови, меѓутоа неколку месеци потоа им се вратени после жалбата, и сега многу работи ќе зависат од тоа кое место ќе го обезбедат на крајот. Јувентус и натаму е во игра за освојување на трофејот во Лигата на Европа, што автоматски ќе значи пласман идната сезона во Лигата на шампионите.
Доколку успеат да обезбедат пласман во најелитното натпреварување, се очекува реакција од Нион и исфрлање на екипата, тврдат италијанските медиуми. Потегот може да дојде на почетокот на август, иако од телата на УЕФА се очекува реакција од клубот и од федерацијата на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА