Италија против Аргентина, се формира ново интерконтинентално натпреварување

Репрезентациите на Италија и на Аргентина следното лето ќе одиграат меѓусебен дуел како почеток на едно ново натпреварување, во кое силите ќе ги одмерат актуелните шампиони на Европа и на Јужна Америка.

УЕФА и КОНМЕБАЛ долго време разговараа за формирање на едно вакво натпреварување, кое значи почеток на продлабочувањето на соработката меѓу двете континентални федерации.

Дуелот меѓу „аѕурите“ и „гаучосите“ е закажан за јуни 2022, точниот датум и местото ќе бидат дополнително одредени, а засега нема конкретна информација дали ова натпреварување ќе се одржува на секои четири години (по секое европско првенство) или ќе се игра почесто.

Се вчитува...