Италија рутински против Малта, Португалија го почести Луксембург со шест „парчиња“ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Италија ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија, откако славеше на гостински терен кај аутсајдерот Малта со …

Италијанците поведоа со 0-1 со голот на Ретегуи во 15. минута. До крајот на првото полувреме беше и 0-2 со погодокот на Песина во 27. минута.

Malta 0 – [2] Italy – Matteo Pessina 27'
by insoccer

Кристијано Роналдо ја водеше Португалија до нова победа, овојпат на гостувањето кај Луксембург од 0-6. Роналдо постигна два гола во 9. и 31. минута, додека другите два беа дело на Жоао Феликс, Бернардо Силва, Отавио и Леао.

Luxembourg 0-[4] Portugal – Cristiano Ronaldo 31'
byu/Personal-Pen5707 insoccer

Словачка славеше на домашен терен против Босна и Херцеговина со 2-0, додека Северна Ирска загуби од Финска на домашен терен со 0-1.

Се вчитува...