Италија со една измена во тимот за дуелите со Македонија

Италијанскиот селектор Мео Сакети го објави скратениот список од 14 кошаркари кои ќе настапат на последниот квалификациски турнир за Евробаскет 2022. Италија како домаќин има обезбедено место на овој шампионат, поради што Сакети ги користи квалификациите за да им даде шанса на дел од помладите кошаркари да се докажат во репрезентативниот дрес.

Ова засега вродува со плод бидејќи „аѕурите“ имаат три победи во почетните три натпревари, поради што Сакети реши да не менува премногу во составот во однос на претходните дуели. Поради ова, за „балонот“ во Перм (15-22 февруари) италијанскиот селектор повика само еден нов кошаркар кој ќе дебитира во дресот на „аѕурите“. Станува збор за Габриеле Процида, млад кошаркар што настапува за Канту, кој со своите 200 сантиметри ќе чека шанса за деби на крилната позиција.

Македонија ќе одигра две средби со Италија на турнирот во Перм, првиот меч е закажан за 18. февруари, од 15.30 часот, а вториот за 21 февруари, со почеток во 13 часот.

СОСТАВ ИТАЛИЈА:

Марко Спису (1995, 184, бек-Сасари), Амедео Дела Вале (1993, 194, бек-Будуќност), Леонардо Канди (1997, 190,бек-Реџо Емилија), Томасо Балдасо (1998, 191, бек-Фортитудо Болоња), Амедео Теситори (1994, 208, центар-Виртус Болоња), Џампаоло Ричи (1991, 202, крило- Виртус Болоња), Матео Спањоло (2003, 193, бек-Реал Мадрид), Џордано Бортолани (2000, 193, бек-Бреша), Филипо Балди Росси (1991, 207, крило/центар-Реџо Емилија), Микеле Витали (1991, 196, бек-Бросе Бамберг), Леонардо Тоте (1997, 211, центар-Фортитудо Болоња), Давиде Алвити (1996, 200, крило-Трст), Никола Акеле (1995, 203,  крило/центар-ДеЛонги Тревизо), Габриеле Процида (2002), 200, бек/крило-Канту)

Се вчитува...