Италија со магичен пресврт против Јапонија до полуфинале на ЛОИ

Италија е вториот полуфиналист на одбојкарскиот турнир на Летните олимписки игри откако по голем пресврт оваа европска држава славеше со 3-2 во сетови против Јапонија.

И покрај тоа што Италијаните важеа за фаворит на денешната средба отварањето на дуелот беше во знакот на Јапонците кои го добија првиот сет со 25-20. И вториот сет и припадна на одбојкарите од Азија со 25-23 со што се најдоа пред пласман во следната фаза.

Јапонците имаа предност од 24-21 во третиот сет и беа на чекор до пласман во историско полуфинале, но следеше одговор на Италијанците кои направија целосен пресврт во третиот сет добивајќи го со 27-25, а моментумот го задржаа и во следните два сет славејќи со 26-24 и 17-15.

 

Се вчитува...