Италијанската федерација одлучи да го промени официјалното лого на репрезентацијата. Денеска федерацијата го промовираше новото лого на европскиот првак, кое ќе ги краси во следните години.
Ова лого не се разликува многу од претходното, односно е со сменета боја (од златна во бела), и на него го има италијанското знаме.
Четирите ѕвездички ги означуваат четирите титули светски првак на „азурите“. Последен пат Италијанците беа шампиони на Светот во 2006 година во Германија.
Италија е во квалификациска група со Македонија за ЕП 2024 година. Најпрво на 9. септември оваа година Италијаните ќе гостуваат во Скопје, а потоа на 17. ноември во послендото коло ќе ја пречекаат нашата селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА