Италија стигна да добива совети од Сан Марино: БиХ е бавна, но внимавајте на…

Фудбалот стигна до таа фаза да Италија се „мачи“ да стигне до своето учество на Мундијалите после пропуштени две Светски првенства, откако беа елиминирани од баражот, најпрво од Шведска, а потоа во 2022 година сензационално и од Макеоднија.

Затоа сега сме во ситуација една од најслабите селекции во Светот, Сан Марино да дели совети на Италија за слабите страни на Босна и Херцеговина, ривалот на Италијанците во финалниот бараж кој се игра утре во Зеница.

Селекторот на Сан Марино, Роберто Чеволи ги истакна своите забелешки околу репрезентацијата на БиХ.

„Игравме со нив во Зеница, беше 32 степени и многу силна жештина. Тоа е мал стадион во лоша состојба. Сепак, трибините се многу блиску до теренот и навивачите се чувствуваат. Беше 0-0 се до 25 минути пред крајот. Џеко беше на клупа, во патики, не требаше да влегува, но ние ја сменивме таа ситуација и тој влезе и го постигна одлучувачкиот гол. Можевме на крајот да израмниме од противнапад. Беа многу исплашени, очекуваа многу лесна победа, но ние ги намачивме. Станува збор за бавна репрезентација, што е позитивно за Италија. Многу високо ги притискавме во Зеница и го удвојувавме секој играч кој ја има топката. Многу се предвидливи и немаат многу брзи играчи, но не треба да се потценат условите на теренот. Џеко и натаму е пресуден, но ме импресионираше Алајбеговиќ кој го постигна првиот гол против нас на наш терен, така што Италија мора да внимава на него“, изјави Чеволи.

Се вчитува...