По долги години битка со тешка болест, денеска почина италијанската одбојкарска репрезентативка Сара Анцанело.
Анцанело, која почина во 28-та година од животот, во 2013 година мораше на трансплантација на црниот дроб откако и беше констатиран хепатитис. Полека се опоравуваше, па од 2015 година повторно се врати на одбојката. Но, последните месеци нејзината здравствена состојба повторно се влоши па во краток временски период ја загуби битката со леукемијата.
Анцанело беше член на златната италијанска репрезентација која во 2002 година стигна до светската шампионска титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА