Италијанец ќе биде новото засилување за Реал Мадрид

Реал Мадрид по турболентната сезона во која беше осовено само домашното првенство се одлучи за реконструкција на тимот во кој во новата сезона се очекува дел да биде и Габриеле Прочида.

Дваесетитригодишниот италијански кошаркар минатата сезона настапуваше за Алба Берлин каде беше еден од најдобрите во составот бележејќи просек од 9.7 поени и 2.2 скокови по натпревар. Од германскиот тим заминува со крајот на сезоната и истекот на договорот со желба да продолжи да се натпреварува во Евролигата.

Прочида имаше шанса ова лето да се врати во татковината, но го одби интересот на Виртус Болоња со цел да заигра за славниот шпански клуб.

Се вчитува...