Италијанец на клупата на Лион, но не е Гатузо

И покрај тоа што во последните денови во француските и италијанските медиуми се шпекулираше дека Џенаро Гатузо ќе биде нов тренер на Лион, сепак, францускиот тим се одлучи за сосема друго име. Станува збор за Фабио Гросо, кој што своевремено и како играч беше дел од оваа екипа.

Гросо е без ангажман откако му истече договорот со Фросиноне, иако го внесе тимот во Серија „А“, истиот не му беше продолжен. Во минатото италијанскиот тренер беше на клупата на Сион, Бреша, Верона, Бари и помладите категории на Јувентус.

Гросо во Лион играше од 2007 до 2009 година, кога беше еден од најзаслужните за освојување на титулата светски првак на Италија на Мундијалот во 2006 година во Германија. Во својата кариера беше дел и од Интер, Јувентус, Палермо и Перуџа. За Италија одигра 48 меча и постигна четири гола.

Се вчитува...