Италијанците мислат дека Ѓоковиќ ја лажираше повредата, и Мусети со коментарот по мечот на тој став…

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Летните Олимписки Игри во Париз и за златниот медал ќе води битка со Карлос Алкараз, откако во полуфиналето убедливо во два сета го победи Италијанецот Лоренцо Мусети.

Но, по којзнае кој пат кога е Ѓоковиќ во прашање, повторно се поставува прашањето дали српскиот тенисер ја лажираше повредата пред полуфиналната пресметка. Сега тоа го покренуваат Италијанците кои нагласуваат дека сето тоа се игри пред мечевите.

И Лоренцо Мусети застана на страната на теоретичарите на заговори, па на прашањето на прес-конференцијата за медиумите, како ја видел повредата на Ѓоковиќ, одговори со брзо контрапрашање.

„Не видов… Искрено, тоа е… А, што видовте вие? Дали се движеше добро или не? Се движеше ли како за повреден спортист?“ – изјави Италијанецот, на што доби одговор од новинарот дека „Ѓоковиќ се движел сосема добро“.

„Во ред, да се движеше добро“ – прокоментира Мусети очигледно незадоволен што на мечот пристапи со надеж дека Ѓоковиќ нема да биде во најдобра физичка форма.

Се вчитува...