Италијанскиот пливач, Томас Чечон е првиот натпреварувач кој успеа да урне светски рекорд на планетарниот шампионат во пливање кој се одржува во главниот унгарски град, Будимпешта.
Чечон до златниот медал на трката на 100 метри грбно стигна со време 51.60 секунди што е за 25 стоти делови од секундата подобро од досегашниот рекорд кој беше во сопственост на Американецот, Рајан Марфи.
Токму пливачот од САД го освои сребрениот медал, додека со бронза се закити неговиот сонародник Хантер Армстронг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА