Италијанскиот скијач Џовани Францони е победник на спуст трката која се возеше на легендарната патека во австрискиот ски-центар Киѕбил како дел од сезоната во Светскиот куп во алпско скијање.
Италијанецот кој беше најбрз и на двата тренинга во австрискиот ски-центар до победата стигна со време од 1:52.31 минута, што беше за само седум стотинки побрзо од најдобриот скијач на денешницата Марко Одермат од Швајцарија.
Одермат повторно не успеа да стигне до триумф на најлегендарната спуст патека во светот. Подиумот го надополни Французинот, Максанс Музатон кој доцнеше 39 стотинки зад времето на победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

