Италијанскиот фудбалер од средниот ред Жоргињо, потпиша нов договор, со што ќе остане во Арсенал и следната сезона. Договорот на искусниот Италијанец истекуваше на крајот на оваа сезона, но двете страни се договорија на нова соработка до 2025 година.
Со тоа е ставен крај на сите шпекулации за иднината на играчот од средниот ред, кој беше поврзуван со „кам-бек“ во Италија, откако неколку клубови пројавија интерес.
„Жоргињо е важен дел од нашиот тим, модел на играч со врвни перформанси и со посебен стил, и секогаш го прави тимот да биде подобар на теренот.“, рече менаџерот на Арсенал, Микел Артета по потпишувањето на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА