Италијанецот Тамбери нов светски шампион во скок во височина

Италијанскиот атлетичар Џанмарко Тамбери, го освои златниот медал во скок во височина на Светското првенство во Будимпешта. Италијанецот дојде до првото место со скок од 2,36 метри.

Тамбери со тоа успеа да ги комплетира сите златни медали на европските и светските првенства, и на отворено и на затворено. Тој е актуелен олимписки првак.

Иста височина, но од повеќе обиди успеа да прескокне и Џувон Харисон од САД кој го освои среброто. Бронзата заврши на градите на Мутаз Ези Баршимиј од Катар.

Се вчитува...