Италијанката Марта Басино е победничка на велеслаломската трка која денеска се возеше во францускиот ски-центар Куршевел.
Италијанката до победата стигна со вкупно време од 2:19.03 минути, што беше за 46 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Швеѓанка Сара Хектор. Третото место и припадна на водечката во генералниот пласман Словачката, Петра Влхова која доцнеше 59 стотинки зад времето на победничката. Микаела Шифрин заврши како четврта.
Утре во Куршевел на програмата е уште еден велеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА